Оровник доби јарбол висок 15 метри

Денес во село Оровник беше поставен јарбол висок 15 метри со знамето на Република Македонија. На присутните им се обрати Градоначалникот на општина Дебарца кој воедно им го честита големиот Христијански празник Велигден и напомена дека со овој симбол општина Дебарца се приклучи кон другите современи општини во Република Македонија и упати голема благодарност до донаторот Живко Стојчески кој работи и живее во Австралија.