Екипите на Ј.П. „Нискоградба“ со активности за чистење на сливниците на сообраќајниците и улиците во градот

Одделението за одржување  на канализационата и атмосферска мрежа при Ј.П. „Нискоградба“, во наредниот период ќе извршува активности за чистење на сливници на сообраќајниците и улиците кои се опфатени со мрежа за одведување на атмосферската вода низ градот.

Денеска екипите  работеа на улицата „Даме Груев“.