Илина го освои Монт Еверест

Илина Арсова е првата жена Македонка која го развиори македонското знаме на Монт Еверест. Искачувањето на овој врв од жени е реткост, па затоа, овој подвиг на Илина Арсова е документиран од филмска екипа.

Арсова е првата жена од нашата земја која минатата година се искачила на Матерхорн по насоката Лавовски гребен, а во досегашната кариера се искачила и на врвовите Ама Даблам (6856) и Аконкагва (6963) што во моментов е највисок дострел од страна на жена Македонка кога е во прашање високогорското планинарење.

Арсова за Монт Еверест се подготвуваше долго време, но експедиција “Прва македонка на Монт Еверест” три години се одложуваше заради недостаток на финансии.