На ден 31.05.2013 година (петок) в.д. директорот на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид Иванчо Цветкоски оствари средба со директорот на Агенција за млади и спорт г-дин Александар Пујоски.
На средбата беше разговарано за соработка, конкретно во делот на спортската инфраструктура како и развој на спортот.
Двајцата директори обострано заклучија дека идната средба треба да биде на многу повисоко ниво со што би се овозможило развој на спортската инфраструктура од една страна и развој на спортот и спортските настани од друга страна.
На средбата беа договорени конкретни чекори преку кои СРЦ Билјанини Извор – Охрид ќе претендира да стане национален спортски центар.
Исто така директорите договорија соработка во делот на отварање на спортска академија во Охрид. Прва конкретна активност која ја договорија двајцата директори е средба со 10-те највлијателни спортски федерации во Македонија која ќе се одржи во Охрид.