Летен турнир во кошарка 2013

Вчера во спортската сала „Билјанини Извори“ се одржа летен турнир во кошарка 2013 година.

Турнирот беше во организација на КК. Колибри – Oхрид во соработка со Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид, а под покровителство на Локалната самоуправа Охрид.

На Турнирот зедоа учество околу 150 деца од Охрид, Кичево, Кавадарци и Струга.

На настанот, во име на градоначалникот на град Охрид д-р. Никола Бакрачески се обрати в.д. директорот на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид Иванчо Цветкоски. Цветкоски нагласи дека овој настан е дел од стратегијата на јавното претпријатие за развој на спортот, пред се развој на спортот на младите, кој е со тенденција да прерасне во традиција.

LetenTurnir02