Пронајдете ја вашата куќа од соништата во Елшани – порачува холандската телевизија „Мах“

Вчера, во Елшани, во куќата на тетка Трајанка Наќоска се снимаше дел од емисијата ОТКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА КУЌА ОД СОНИШТАТА, која во продукција на холандската  национална MAX  TELEVISION се снима во голем број на земји во светот, од каде на средовечните парови од Холандија и од други западни земји им се нуди избор од три куќи каде би го поминале остатокот од својот заеднички живот. Во секоја емисија среќата да бидат извлечени некои од паровите е да  имаат  необична и незаборавна љубовна приказна. Во една од емисиите за Dream House победила љубовната и животна приказна на вљубените Славица  и Ханс кои пред 35 години ја започнаа својата заедничка животна приказна, како што вели Славица – во  градот на љубовта, тука  во Охрид, за потоа 20 години да минат во Холандија, а  последниве 15 во Белград, Србија. Убавите им спомени од Охрид и  Македонија ги заинтересирале холандските телевизиски продуценти и  решиле токму на Славица Секуловски и на нејзиниот животен сопатник Ханс, да им дадат можност да бираат своја куќа на соништата. Симпатичната уредничка на МАX TELEVISION, Дезире Салман преку своите македонски пријатели и со своите пријатели од туристичката агенција „Лале турс“ стигнаа до Елшани  каде  ќе имаат можност да одберат една од понудените куќи кои со својот изглед, но и со својот прекрасен поглед од каде како на дланка пред очи ви стои Охридското Езеро и прекрасната крaјбрежна убавинa.

„Нашата идеја со емисијата е да им овозможиме на средовечните и постари луѓе да стекнат повеќе пријателство, повеќе истражени места, повеќе традиционални  високи вредности на вашето макеедонско поднебје, а Македонија, со сите свои вредности заслужува да биде изборот“, – истакна главниот директор на оваа холандска прoдукциска куќа Мax.                                           

Такви беа и изјавите на другите холанѓани и на други гости кои присуствуваа на топлото добредојде во дворот на тетка Трајанка Наќоска каде беа на маса поставени повеќе  вкусни традиционални  јадења.

Е, па, добредојдовте во Елшани  и НАЗДРАВЈЕ !

Текст и фото: Дим Дон