Укинати адвокатските маркички
Согласно Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички („Службен весник на РМ“, бр.82 од 05.06.2013 година), од 13 јуни 2013 година се укинува обврската на адвокатите за користење на адвокатски маркички.
Воведување и користење на фискален апарат
Со укинувањето на примената на адвокатските маркички, од 13 јуни 2013 година за адвокатите отпочнуваат да важат обврските предвидени со Законот за регистрирање на готовинските плаќања:
• Адвокати кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет, односно услуга / правна помош.
• Адвокатот е должен, на видно место, да постави соопштение со кое го информира корисникот на услуга / правна помош за неговата обврска да бара фискална сметка.
• За повеќе информации во врска постапката и другите обврски за регистрирање на готовинскиот промет, воведување и користење на фискален апарат, рокови, водење, поднесување и издавање на документи поврзани со фискализацијата, Ви препорачуваме да ја преземете Брошурата „Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања”.