Езеро обоено во црно за луѓето да не се капат во него

Властите на Дербишир, во централна Англија, одлучиле да ја променат бојата на едно загадено езеро и да ја обојат црно, со што луѓето би ја избегнувале, а со тоа би се заштитиле.

Изгледот многу често знае да лаже, а Езерото Харпур Хил е еден доказ за тоа. Неговата боја претставуваше вистински магнет за капачите. Многу потсетуваше на некои од идиличните острови, а го нарекуваа и „Сина Лагуна“.

Но, високото ниво на загаденост претставува сериозна закана по здравјето на луѓето. Оние кои се капат во Езерото се изложени на рН вредност од 11,3 која може да се најде во силните дезинфекциони средства и која може да предизвика разни кожни инфекции и иритации како и стомачни болки. Исто така, Властите напоменуваат дека дното од тоа езеро е покриено со за’рѓани автомобили, но и мртви животни.

И покрај предупредувањата, жителите од околните населби продолжиле да се капат во езерото, па Властите се одлучиле на драстична мерка, ја обоиле водата во црно, за да ја направат непривлечна за капење.