Јавен повик за аплицирање на тројца волонтери во Ј.П. „Билјанини Извори“

Ј.П. „Билјанини Извори“ Охрид објавува јавен повик за аплицирање на тројца кандидати за волонтирање со завршен Факултет за Физичка култура.

Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период, односно во времетраење од 3 (три) месеци.

Кандидатите кои аплицираат за волонтери во Ј.П. „Билјанини Извори“ Охрид, потребната документација (молба и доказ за завршена сручна спрема)  да ја достават во Дирекцијата на Јавното претпријатие најдоцна до 25.06.2013 година (вторник).