Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 3 казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Д.(24) Б.С.(25) и С.С. (26) од Кичево. Нив истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавените, кражбите ги извршиле кон крајот на Мај и почетокот на Јуни оваа година со што се стекнале со противправна имотна корист од 770.000,оо денари. По претходен меѓусебен договор ноќта помеѓу 30 и 31 Мај, Ј.Д. и Б.С. со употреба на тврд предмет и физичка сила насилно отвориле прозорец од приземјето на куќа во селото Шутово. Тука извршиле претурање по покуќнината и алиштата при што пронашле и противправно одзеле околу 20.000,оо денари, 2900 евра во разни апоени, златни обетки и еден гасен пиштол марка „Екол“.
Следната ноќ, тројцата пријавени, со употреба на подесен предмет и со физичка сила врз влезната врата успеале да влезат во куќа во Кичево од каде бесправно одзеле еден пиштол марка „Танфоглио“ и рамка со 5 куршуми и помала сума пари.
Пријавените Ј.Д. и Б.С. биле вешти при влегување низ подотворени прозори. Тие ноќта помеѓу 4-ти и 5-ти овој месец во куќа во Кичево низ прозорецот од бањата на приземјето успеале брзо да влезат во внатрешноста на куќа во Кичево и одкако извршиле претурање низ собите, пронашле и одзеле поголема количина злато и мобилни телефони. Ги одземале работните машини и другите предмети а потоа ги продавале. Парите од продажбата подеднакво ги делеле и ги користеле за свои потреби.
Пријавените се лица познати на службата против кои досега биле поднесувани пријави за слични казнени дела.