Руските ученици добија медали со српско знаме

По завршувањето на учебната година, на одличните ученици во Москва овие денови свечено им беа доделени златни медали, но со превртено знаме, па така дури 600 од нив добија награди со српско знаме.

По увидот за настанатата грешка, од одделението за образование во Москва, изјавија дека провериле само дел од медалите кои биле во ред, а најавено е дека медалите ќе бидат заменети и дека на новите ќе стои руското знаме.