Според одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поевтинат за половина денар, а дизелот ќе поскапи за половина денар.
Новите цени на горивата ќе бидат Еуросупер БС-95 – 78,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 – 80 денари, Еуродизел – 67 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинства исто така ќе поскапи и ќе се точи за 56 денари за литар. Мазутот ќе поевтини за 0,25 денари за килограм и новата цена е 40,425 денари.