Едно лице повредено со нож по претходна семејна расправија

Вчера, околу 12:30 часот во Охрид на улицата „Ариф Мустафа“, по претходна семејна расправија, настанала  тепачка помеѓу Џ.И.(24), Р.И.(50), Б.Т.(39), А.Т.(28), Д.Т.(51) и Г.Т.(23), во која Д.Т. со нож му нанел тешка телесна повреда на Р.И., а Б.Т. од сигнален пиштол пукал во воздух. Р.И. е пренесен во Медицински Центар Охрид, каде му е укажана лекарска помош, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.