Известување за информативен ден за ИПАРД

Врз основа на претходната  најава за објавување на јавен повик 1/2013 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата) која е објавена  во петок на 31.05.2013 во дневните весници Вечер, Дневник  и Коха, како и на интернет страниците на Секторот за управување на ИПАРД и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, Секторот за управување со ИПАРД, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година во соработка со Секторот ТЛЕР ќе спроведе инфо денови со што заинтересираните страни и пошироката јавност ќе се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.

За таа цел се известуваат граѓаните дека информативниот ден за ИПАРД ќе се одржи на 09 јули во Големата Сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот.