Груевски го посети македонскиот штанд во Кина

На маргините на Конференцијата за соработка на Кина со земјите од Источна и Југоисточна Европа, претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски го посети македонскиот штанд каде е претставена државата во рамките на Дијалогот на локални лидери и зајакнувањето на капацитетите за локална соработка на единиците на локална самоуправа од регионот на Кина, Источна и Југоисточна Европа.

На овој штанд беа претставени и повеќе македонски компании од прехранбената, минералната индустрија, текстилната индустрија („Витаминка“, „Мермерен комбинат“ – Прилеп, „Тутунски комбинат“ – Прилеп и „Конфи Ангел“ – фабрика за душеци), како и претставници во Кина од повеќе македонски винарии.

Премиерот Груевски оствари и повеќе одделни средби со кинески компании од сферата на енергетиката, градежништвото, фирми кои се занимаваат со електроника. Се разговараше за повеќе сфери на конкретен интерес пред кои им беа претставени можностите за инвестирање и погодностите кои ги овозможува Владата на тој план како даночните олеснувања, кратењето на административните процедури и добрата бизнис клима.