Реми за Турново и Тетекс во првите дуели од УЕФА Европа Лигата

Тетекс едвај успеа да ремизира на домашен терен 1:1 против Пјуник претставникот од Ереван, Ерменија. Стрелец за гостите во 81 минута беше Ајвазјан, додека пак Исени во 90 минута изедначи и го спаси Тетекс од пораз.

Другиот наш претставник во УЕФА Европа Лигата, екипата на Турново, за малку не успеа да се врати со победа од гостувањето против Судува во Литванија. Иако први во водство дојдоа домаќините уште во 23 минута преку Петар Басиќ, Турново успеа да изедначи во 30 минута преку Зоран Балдовалиев, а веќе во 45 минута преку пенал, Дејан Блажевски го доведе тимот на Турново во водство. Валскис го изедначи резултатот за тимот на Судува во 85 минута и го спречи нашиот тим за поубедлив влез во повратниот дуел.

WebOhrid