7ми турнир во одбојка на песок „Beachvolleyball OHRID 2013“

Седмиот по ред турнир во одбојка на песок – Отворено првенство на Македонија Beachvolleyball OHRID 2013 ќе се одржи од 24-28 Јули 2013 година на плажата Бафало Бич (веднаш до езерската полиција)

Програма 

– 24 јули: Рекреативци и Одбојкари до 20 години

– 25 јули: Рекреативци и Одбојкари до 20 години

– 26 јули: Професионалци, Компании, Рекреативци и Одбојкари до 20 години 

– 27 јули: Професионалци и Компании

– 28 јули: Професионалци и Компании

Информации за турнирот

Турнирот во одбојка на песок е популарен летен спортски настан, кои вклучува спорт, атракција, забава и рекреација. На турнирот учествуваат одбојкари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово и имаме најава на учесници од други европски земји.

Организација:

Турнирот во одбојка на песок во Охрид се организира од страна на Клубот за одбојка на песок БВБ Македонија, О3 – евент менаџмент во соработка со Одбојкарската Федерација на Македонија и Општина Охрид.

Факти:

• Традиција – 7ми турнир во одбојка на песок 

• Учествувале повеќе од 500 екипи со 1000 натпреварувачи

• На турнирот присуствувале повеќе од 90.000 посетители за времетраење на сите 6 турнири,

• Се одржале повеќе од 1.500 натпревари,

• Поделени се 240 медали и 80 пехари ги красат домашните витрини на спортитите,

• Повеќе од 1400 дресови се наоѓаат во приватни колекции

• ТВ преноси во живо на национална ТВ и повеќе од 200 минути национални и меѓународни интервјуа и репортажи

• Повеќе од 300 објавени статии, интервјуа, фотографии и извештаи во дневни весници и интернет портали

• Повеќе од 15000 литри вода освежување за натпреварувачите.

• Поставивме повеќе од 300м3 песок, столбови за рефлектори и 200м бекатон патека.

• Во Охрид, секоја година заради турнирот доаѓаат повеќе од 500 луѓе (играчи, фамилии, љубители на одбојката, официјални лица, фан клубови и посетители).

Цел, Мисија и Визија

Цел на турнирот во одбојка на песок е преку спорт, атракција, забава и рекреација да се анимираат и поттикнат младите на спорт, добро дружење и натпреварување со професионалните играчи и репрезентативци.

Низ реализација на овој проект треба да произлезат, идни професионални одбојкари на плажа кои би ја претставувале Македонија на меѓународно ниво.

Мисија: Одбојката на плажа да стане најпопуларен летен спорт во Македонија а плажата Бафало Бич во Охрид синоним за одбојка на плажа.

Визија: Турнирот во одбојка на песок Beachvolleyball Ohrid e препознатлив меѓународен турнир во рамките на Балканот и Европа. 

Beachvolleyball OHRID