Комуналец секојдневно на терен и во приградските населби

Во периодот од  24.06.2013 год. до  06.07.2013 год.  се изврши  генерално косење на селата и приградските населби во општина Охрид, каде беа опфатени селата Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, н.Исток, Св.Стефан, Рача, Велгошти, Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Велестово, а со цел да се олесни понатамошното одржување на хигиената.

Имајќи во предвид дека туристичката сезона е во полн ек Ј.П.”Охридски Комуналец” со својата организациона поставеност внесе новитет во работењето со тоа што ангажира лица за одржување на хигиената и плажите  по целото крајбрежје :

      *   секојдневно во:  с.Трпејца,   с.Пештани,  Лагадин и Св.Стефан;

      *   еднаш неделно во: с.Љубаништа, Коњско, н.Исток и Елшани.

Заради наметната потреба од повисок степен на одржување на хигиената и големиот број на манифестации кои се одржуваат во с.Велгошти, секојдневно се третира ова подрачје. Во селата Лескоец, Косел,  Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Орман динамиката на одржување на хигиената е еднаш неделно.

Се оствари средба со претставници од М.З.Велестово и јавното претпријатие им излезе во пресрет на нивните барања за косење, чистење и поставување на контејнери на пристапни локации.