Утре во Охрид ќе се одбележи Светскиот Ден за борба против хепатитис

Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, кој што стана официјален ден на СЗО во 2010 година. Датум за одбележување на  Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е 28 Јули кој што е избран во чест на Проф. Барух Блумберг кој ја доби нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот.

  Оваа година знак на препознавање се трите мудри мајмунчиња со мото „See no evil, Hear no evil, Speak no evil“

Ова мото е симболично и претставува игнорирање на злото околу себе, односно игнорирање на вирусниот хепатитис за кој што не се зборува, никој не го гледа и никој не сака да чуе за вистинскиот проблем со вирусниот хепатитис. Како пример за тоа снимено е и едно кратко видео од кое јасно може да се види како околината се однесува кон инфицираните  и општо кон самиот проблем  со вирусниот хепатитис. Се надеваме дека ова ќе придонесе да се сврти вниманието на широката јавност и на владините претставници, зашто игнорирањето нема да престане доколку не се преземе ништо.

Мал број од луѓето знаат дека:

• Приближно 500 милиони луѓе во светот се заразени со ХЦВ или ХБВ,

• Оваа бројка е за околу 15 пати повеќе од бројот на заразени со ХИВ/СИДА,

• ХЦВ или ХБВ убиваат 1 милион луѓе годишно,

• Помалку од 1/3 (32%) од владите во светот немаат спроведено или финансирано активности за да се намали стигматизацијата или дискриминацијата на лицата кои живеат со ХЦВ или ХБВ,

• Едно од три лица на планетата е изложено на некој од двата вируси без да знае. 

 Во продолжение на кампањата се додава и дека: 

‘This is hepatitis… Know it.  Confront it.  Hepatitis affects everyone, everywhere.’

“Ова е хепатитис… Запознај се. Соочи се. Хепатитисот ги напаѓа сите, насекаде.”

Оваа кампања  би требало да ја подигне свеста кај општата популација и да ја  победи стигмата поврзана со лицата инфицирани од овие вируси, затоа што се испраќа јасна порака дека вирусите не прават дискриминација, го заразуваат секого, насекаде.

Кампањата оваа година ќе се одвива во градот Охрид, како наш најголем туристички центар, на 28.јули каде за прв пат досега Македонија се придружува на идејата на Светската алијанса за борба против хепатитисот (World hepatitis Alliance) да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Овој обид дава можност да се добие признание за болеста на глобално ниво и докажува дека бројот на луѓето кои се придружуваат се зголемува секоја година.

Овој настан за Гинисовата книга на рекорди започнува на 28 Јули – недела во 19:00 часот во просториите на Црвен Крст Охрид. 

Се надеваме дека со Вашето присуство ќе го поддржите овој настан како и нашите напори за подигнување на свеста и намалување на стигматизацијата и дискриминацијата на лицата инфицирани со вирусите на Ц и Б хепатитисот. 

Покрај овој настан, ќе има можност да се проследат повеќе активности:

  1. Делење на флаери со едукативна содржина по плажите во Охрид,
  2. Бесплатно и анонимно тестирање за Хепатитис Ц на атрактивните плажи во Охрид после 13часот,
  3. Одржување на трибина во просториите на ОО Црвен Крст со почеток од 19:30 часот- Проф. Др. Розалинда Исијановска 
  4. На малиот плоштад – Чинар во Охрид, се придружуваме на музичкиот хепенинг ХИВ караван, во организација на НВО ИПГ Гостивар со почеток од 16:00 до 01:00 часот со познати имиња од забавната и народната естрада, ДЈ и театар, каде ќе се делат и флаери со едукативна содржина, и ќе се врши доверливо советување, бесплатно и анонимно тестирање за Хепатитис Ц.