НЛО на слика од 15 век

Феноменот НЛО постои од како постои и човекот. Иако скептиците наоѓаат разни објаснувања за секој виден неидентификуван летечки објект, сепак некои докази можат да се најдат во старите времиња кога човекот можел само да сонува за летање. Еден таков доказ пронајден е на сликата со Богородица (The Madonna with Saint Giovannino) од стариот сликар Доменико Џирландао од 15 век.

На сликата зад Богородица е нацртано нешто кое многу личи на летечки објект од иднината. Сепак ова не е единствен пример каде уметниците нацртале НЛО на нивните дела.