Положено свежо цвеќе и во село Лактиње

Чествувањата по повод Илинден во Дебарца продолжија во с.Лактиње каде што од страна на градоначалникот Игор Трајкоски во придружба на претставници од Локалната самоуправа беше положено свежо цвеќе на спомен обележјето издигнато по повод борците од двата Илиндени и им се поклони со почит кон животите што ги  дадоа за слободата на Македонија.