Македонија со скок од 3 места се најде на 89 место според ФИФА рејтинг листата

Македонија и покрај тоа што немаше репрезентативен натпревар минатиот месец сепак рејтингот на нашата репрезентација забележа скок од +3 места. Македонската репрезентација според најновата ФИФА рејтинг листа се најде на 89 место.

Од нашата група А, во квалификациите за „Светското првенство Бразил 2014“, сите репрезентации ги задржаа местата од рејтингот од претходниот месец. Хрватска остана на 8-то место, Белгија на 10-то место, Србија остана на 41-то место, Велс на 46-то место, а Шкотска на 50-то место.

Врвот на ФИФА рејтинг остана непроменет каде се наоѓа водечката тројка Шпанија, Германија и Колумбија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Мавританија, со скок од +21 место се најде на 151-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Екваторска Гвинеја од -32 места и се најде на 99-то место.

WebOhrid