Одржан Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“

Денес на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, Ј.П. „Билјанини Извори“ во соработка со Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Општина Охрид го организираа Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“.

Пливачкиот митинг се оддржува после апстиненција од 15 години.

На митингот зедоа учество стотина пливачи од Охрид, Струга, Битола, Скопје и Прилеп.

Натпреварувачите се натпреваруваа во 5 дисциплини.

На настанот се обрати и Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески кој истакна дека Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите спортски настани.

Проектот Спортско лето во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ и Општина Охрид продолжува и во иднина со организирање на спортски настани.

1