Гром запали две куќи во Љубљана

По исклучително жешките седум денови со рекордна температура од 40,8 °С, Словенија ја зафати силно невреме, проследено со силен ветар, грмежи и дожд.

Во Љубљана удар на гром врз две куќи предизвика пожар, а противпожарните служби веднаш реагирале и го спречиле пожарот.

Метеоролозите и за наредните 24 часови најавуваат можност за силно невреме во источните делови од Словенија, а на некои места можни се врнежи од град.