Охридските Египќани ​го поздравија формирањето на Локалниот ​Совет на млади

НВО Коалицијата „Светла Иднина 2009“ Охрид, движењето „ОПЕМ“ и „Форца Египќани“ го поздравија демократскиот и конструктивен потег на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, да се формира Локалниот Совет на млади.

„Особено за поздравување, е фактот, што и Египќаните, како втори по бројност, во град Охрид, имаат свој претставник Египќанец, со што де факто, започнува процесот на институционална интеграција на Египќаните, пример што треба да се практикува на ниво на Република Македонија, бидејќи времето е зрело, за остварување и уживање на Уставнозагарантираните права на Египќаните. НВО Коалицијата ќе му предложи на градоначалникот на Охрид, да формира неформална Комисија за односи помеѓу заедниците, иако Општина Охрид, Согласно Законот за Локална Самоуправа, и член 55 од истиот закон, нема законска обврска да го формира ова тело, но од аспект на функционалната демократија и мултиетничкиот карактер на град Охрид, ова тело и тоа како би било од корист, во насока на подигнување на демократското ниво во Охрид“. – истакнуваат од НВО Коалицијата.

Ваквиот предлог, како што велат од НВО Коалицијата, ќе биде испратен и до градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезоски.