В.д. директорот на охридската гимназија го поништи тендерот за екскурзијата во Прага

В.д. директорот на охридската гимназија ОСУ „Св.Климент Охридски“ го поништи тендерот за екскурзијата за Прага, распишан од претходниот директор.

Склучениот договор помеѓу туристичката агенција Вис-Пој и претходниот директор и покрај не исполнувањето на условите, немање на банкарска гаранција, беше потпишан од претходниот директор, а од страна на новиот в.д. директор Никола Тренески, беше поништен и исто потврден од Училишниот Одбор и во моментов тече постапка со прибирање на понуди за училишна екскурзија.