Затекнатата ситуација во ЈПК „Дебрца“ е загрижувачка

Со промената на раководството од претходната власт во Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, утврдена е состојба на долгови како неподмирени обврски спрема добавувачите од околу 1 696 254 денари, а вкупните обврски по сите основи (обврски за даноци, придонеси, примени аванси од купувачи) изнесуваат 2 736 060 денари. 

„Затекнатата ситуацијата во ЈПК „Дебрца“ е загрижувачка, почнувајќи од немањето на основни средства за работа на вработените во комуналниот сектор, каде што на пример има само една метла, мал број на канти и контејнери за отпад, па да не зборуваме за другите недостатоци. Тоа што не било инвестирано во претходните години, создава голем револт кај населенитето, кое постојано се жали за неажурноста и непрофесионалниот кадар со кое располага претријатието. 

Наша задача и должност е да го консолидираме и вратиме на прав пат Јавното претпријатие, се со цел да имаме задоволни корисници, а со тоа да ја стекнеме нивната доверба и преку нашите активности и работни задачи да допринесеме до една почиста општина Дебарца и општина на која приоритет ќе и претставува снабдувањето со квалитетна вода за пиење и.т.н.“ – истакна директорот на ЈП за комунална дејност „Дебрца“, Јасмина Мицкоска.