Градоначалникот Никола Бакрачески денес во работна посета го прими амбасадорот и шеф на Мисијата на Македонија при ЕУ во Брисел, д-р Андреј Лепавцов. На средбата градоначалникот Бакрачески ја изложи идејата за нов пристап и стил во промовирањето на Охрид пред пошироката Европска јавност. Во таа насока, во координација со Мисијата на Македонија при ЕУ во Брисел, се очекува во наредниот период Охрид на нов, креативен начин да биде претставен пред Европските инстуции во Брисел и Стразбур.
Се очекува во периодот до крајов на годинава, кога Европските институции работат со полна пареа, да бидат договорени и термините за гостување на Охридските претставници. На посебно одбрани настани и осмислена програма, Охрид ќе биде претставен пред Европската политичка и дипломатска елита. Очекувањата се дека со ваквиот начин на презентација, нашиот град како најзначаен Македонски туристички бренд, ќе стане попрепознатлив и за Европските граѓани.