„Точно на пладне“ – поетско читање во Мешеишта

Здружението за наука, уметност и култура „Хоризонти 12“ во соработка со управата на Струшките вечери на поезијата, организира поетско читање кое ќе се одржи утре (сабота) со почеток во 12 часот, во просториите на општинската зграда во Мешеишта.

Манифестацијата се одржува втора година по ред, и ќе биде понудена поезија од поети што творат во и надвор од Македонија, како што се Маја Мојсова, Пере Ристески, Тодор Чалоски, Ѓоко Здравески, Ѓорѓи Калан, Петар Аврамоски, Иван Антоноски, Ѕвонко Танески, Елена Карамешиноска, Иван Трпоски (Австралија), Саво Костадиноски (Германија), како и Стеван Тонтиќ (Босна и Херцеговина).