Британија има тајна база за шпионирање на интернет

Велика Британија има тајна база на Блискиот исток за следење, надзор и анализа на електронската пошта, телефонските повици и сообраќајот на интернет, важна за интересите на западните тајни служби.

Интернет станицата може да дојде до одредени податоци и да ги издвои со помош на техниката која овозможува проток на информации со подводните оптички кабли на Блискиот исток. Добиените податоци се процесираат до британската Владина служба за комуникации (GCHQ) која ги „дели“ со колегите од американската Агенција за безбедност (NSA).

Британската влада смета дека постоењето на таквата база е клучно за борбата на западните земји против тероризмот, односно дека обезбедува систем на рано откривање на потенцијални напади ширум светот.

Сите пораки кои се испраќаат, преку оптичките кабли се складираат, а потоа се издвојуваат по потреба. Во оваа база вложени се 1,5 милијарди долари.