Рејмонд Аксел од Франција е новиот победник на овогодинешниот 27 Охридски пливачки маратон. Французинот кој дебитираше на нашиот маратон, а е претпоследен од ФИНА Гранд при серијата за 2013 година, постави нов рекорд на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри, со време од 5 часа, 9 минути и 54 секунди, што е за 10 минути подобро време од претходниот рекорд на Бугаринот Петар Стојчев.
Второ место беше Италијанецот Едоардо Стокино, додека пак трет беше Русинот Иван Афоневич.
Од нашите пливачи, Евгениј Поп Ацев заврши на четвртото место, додека пак Томи Стефановски заврши на петтото место.
Во женска конкуренција победи Италијанката Мартина Грималди.
WebOhrid