Авион со 120 деца принудно слетал во Грозни

Авион кој превезувал 120 деца принудно слетал на аеродромот во Грозни, соопшти чеченското министерство за сообраќај.

Принудното слетување е изведено успешно без никој да биде повреден.

Пилотот на авионот го пријавил дефектот на едниот мотор 40 минути по полетувањето од Грозни за Анталија, каде децата тргнале на летување. 

Во тек е истрагата за причините кои го предизвикале дефектот на моторот.