Голема Богородица, неработен ден за верниците од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот  за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„, бр.21/98 и 18/07), 28 Август 2013 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православна вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед им го честита празникот.