Производителите на двокатниот панорамски автобус во посета на ЈП „Билјанини Извори“

Вчера во официјална посета на Ј.П. „Билјанини Извори“ беа претставници на кинеската компанија за производство на автобуси YUTONG, производители на двокатниот панорамски автобус со кој стопанисува Ј.П. „Билјанини Извори“.

Во разговор со претставниците од YUTONG директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Иванчо Цветкоски се информираше за тековното работење на компанијата како и за нивното претставништво во Македонија, при што се потенцира задоволство од перформансите и се изрази желба во иднина да се добие на користење нископоден автобус кој би служел за превоз на спортски екипи, ученици, играорни групи како и на лицата со попреченост.