Директорот на Управата за заштита на културно наследство во посета на Општина Дебарца

Денес во посета на Општина Дебарца беше новиот директор на Управата за заштита на културното наследство проф. д-р Виктор Лилчиќ.

Проф. д-р Лилчиќ оствари средба со градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајкоски. На состанокот беше разговарано за археолошките локалитети на територијата на општина Дебарца и нивно отворање и промоција пред туристите. Имено територијата на општина Дебрца изобилува со многу археолошки локалитети меѓу кои би ги издвоиле Требенишкото Кале кај Требеништа, Градиште кај Кула Ново Село, Градиште кутлина Кај Велмеј, Брежанско Кале, Манастирец кај Ботун, Лактинско Кале, Мраморечко Кале кај Мраморец и многу други наоѓалишта.

На состанокот беше разговарано за можноста наредната година да се започне со истражување на овие значајни археолошки локалитети за општина Дебарца како и за Република Македонија.