Македонија се искачи на 75 место на ФИФА рејтинг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од +14 места и според денешната најнова ФИФА рејтинг листа се најде на 75 место.

Од нашата група А, во квалификациите за „Светското првенство Бразил 2014“, Белгија со скок од +4 се најде на 6-то место, Хрватска со пад од -2 места е на 10-то место, Србија со пад од -2 се најде на 43-то место, Велс со пад од -6 се најде на 52-то место, а Шкотска со пад од -13 на 63-то место.

На врвот на ФИФА рејтинг остана Шпанија додека пак сега на второто место се наоѓа репрезентацијата на Аргентина, а на третото место Германија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Гамбија, со скок од +27 места се најде на 136-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Суринам од -35 места и се најде на 135-то место.

WebOhrid