Интернационална конференција за ICT иновации

Во Факултетот за туризам и угостителство, денеска, во присуство на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, свечено беше отворена Петтата интернационална конференција  за ИКТ иновации. Во името на градоначалникот Никола Бакрачески, учесниците на конференцијата ги поздрави советникот Ангел Јанев, кој им посака топло добредојде во Охрид и успешна работа на овој еминентен собир.

„Мисијата на ИКТ асоцијацијата е да го  подржува развојот на информациската и комуникациската технологија како во Македонија така и во поширокиот регион. Посебен аспект се дава на ИКТ во образованието. Лично, години наназад учествувам во истражувања поврзани со имплементираноста на ИКТ во образовните процеси на сите околни простори. Задоволство ми е да заклучам дека една од водечките земји во имплементираноста на ИКТ во образованието е Република Македонија“, – рече советникот Ангел Јанев.

На конференцијата, на која присуствуваат 150 учесници од 17 земји од светот, ќе бидат презентирани 7о научни и стручни трудови. Целта на конференцијата е да се промовираат резултати од научни истражувања на интернационалната стручна заедница, поврзани со иновативни фундаментални и апликативни истражувања.

ICT_Inovacii_4852 ICT_Inovacii_4853