Одржана средба помеѓу Регионалната комора и општините Охрид и Корча

Во Охрид се одржа средба помеѓу претставници на Стопанската комора на Македонија, Општина Охрид и Општина Корча. На средбата беа разменети искуства од областа на туризмот како и можностите за настап со заеднички пакет туристички понуди од двете Општини.

„Заинтересирани сме за заеднички настап пред странските тур оператори, како и зголемување на соработката помеѓу двете општини во повеќе области“, –  изјави Вилма Петру, директорка на Одделението за развој при Општина Корча.

Од Секторот за туризам и локален економски развој ја изразија подготвеноста за настап и изработка на заеднички проекти се со цел да се постигнат зацртаните цели на локално ниво. Комуникацијата помеѓу двете општини е на задоволително ниво, а во иднина таквите пријателски односи треба да ги зголемат бенефитите за локалното население во двете држави, беше заклучено на средбата.

Регионалната комора со седиште во Охрид е од голема важност за вмрежување на бизнисите помеѓу двете земји и претставува линк помеѓу бизнисите на двете страни.

На средбата двете општини разменија искуства за начините на работа на градските паркинзи и имплементираните решенија во насока на подобрување на транспортот, посебно во летниот период.