Ферхан Хасани дебитираше со гол за Брондби

Само 2 минути му беа потребни на Ферхан Хасани за да го постигне неговиот прв гол во дебито за Брондби и да му донесе победа на неговиот нов клуб.

Брондби играше против тимот на ОБ (Одензе), и во 8-мото коло од Данската Суперлига ја забележа првата победа оваа сезона, благодарение на новото засилување – нашиот репрезентативец Ферхан Хасани.

Домашните поведоа во 36 минута со голот на Орнсков, додека пак гостите изедначија во 61 минута со голот на Ларсен. Ферхан Хасани влезе во игра во 64 минута, а само две минути подоцна, во 66 минута постигна гол и му донесе победа на Брондби од 2:1.

Hasani

WebOhrid