Форум со работодавачи во Охрид

Во организација на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Локалната самоуправа во големата сала на Општина Охрид денес се одржа Форум со работодавачи. Целта на овој форум беше запознавање на работодавачите со активните мерки за вработување.

„Користењето на овие програми ќе ни донесат бенефит на сите нас. Приватниот сектор треба да биде примарна цел за вработување на граѓаните, а не државната администрација. Охрид, како некогаш, треба да се потпре на стопанството. Решението за сиромаштијата треба да го бараме во развојот на стопанството. Локалната самоуправа стои секогаш на располагање да помогне за развојот на претпријатијата“, – истакна секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.

На форумот покрај тоа што беа слушнати проблемите, потребите и идеите на работодавачите, беа презентирани и активните програми и мерки за вработување за 2013 година.