НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и годинава го организира општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

 НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и годинава го организира општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овој натпревар имаат учениците и членовите на Библиотеките од Основните училишта од градов и околината.

 Натпреварот ќе се одржи на 10.10.2013 година во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 10 часот.

 Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од 1 час (60 мин.). Прашањата ќе бидат формулирани според содржината во прирачникот „млади библиотекари“ од Миле Бошески, а истиот заинтересираните ученици може да го изнајмат од Библиотеката.

 Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар кој традиционално, секоја година го организира Библиотекарското Здружение на Македонија, а истиот годинава ќе се одржи на 25.10.2013 година во Неготино.