Од Винарија Охрид соопштуваат дека заинтересираните правни и физички лица од Охридско – Струшкиот регион кои располагаат со лозови насади и истите се заинтересирани родот да го предадат во Винаријата Охрид тоа треба да го направат најкасно до 01.10. 2013 година.
Прием на грозје се врши секој ден од 08 до 21 часот (работни се саботите и неделите). После овој рок грозје нема да се прима, информираат од Винарија Охрид.