Охрид домаќин на 17-тиот симпозиум за спорт и физичко образование на младите

Федерацијата на спортските педагози на РМ, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимписки комитет како и Сојузот на спортските федерации на Македонија, денес и утре го одржува традиционално 17-тиот симпозиум за спорт и физичко образование на младите. Претседателот на Федерацијата проф. д-р Александар Наумовски вели дека овој симпозиум има за цел да го поттикне, како и да го унапреди континуираното образование на стручните и научните кадри во физичкото образование и спортот. Всушност тоа е и основната тема на овој симпозиум.

Практиканството треба да биде неизоставен дел во научната дејност, кое што изостанува во нашата земја, во училишните установи, како и на друг општествен план. Физичкото образование и спортот неопходно е научно да се третираат и адекватно да се применуваат, пред се во образованието. Презентацијата на трудовите е централниот дел на симпозиумот, каде учесниците својот влог го претставуваат пред присутните.

Изработените трудови од учесниците се објавуваат во списанија кои се индексирани. Како слободни теми опфатени се кинезиологијата, физичкото образование и спортските активности.