28 септември неработен ден за Бошњаците

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  28 септември 2013 година (сабота), Меѓународниот ден на Бошњаците, е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката  заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.