Екипи на општинските јавни претпријатија „Нискоградба“, „Охридски Комуналец“, „Градски гробишта“ и „Проаква“, по налог на Локалната самоуправa, денеска започнаа со уредувањето на пешачките патеки покрај езерото.
Работите започнаа од потегот кај Средното угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ и хотелот „Милениум“, а според планот, во оваа етапа, ќе се уредува просторот на кејот од Центарот за култура „Григор Прличев“ до хотелот „Гарден“. Просторот ќе се чисти, ќе се санираат оштетените делови и хортикултурно ќе се уредува.
Со ваквите дополнителни ангажирања, Локалната сампоуправа ја реализира определбата, општинските јавни претпријатија, поради консолидација на нивното материјално-финансиско работење, покрај извршувањето на основната дејност, да имаат и дополнителна работа и максимално да ги користат расположивите капацитети.