Сите деловни објекти во Македонија ќе се контролираат за фискализација

УЈП ја почна најголемата контрола во делот на фискализацијата до сега. Без исклучоци, во сите градови и општини, и најмала „пиљара“ ќе биде контролирана од даночниците.

На терен работат и мобилните екипи на УЈП од 150 даночни инспектори кои од почетокот на месец Септември затворија деловни објекти во Велес (21), Струмица (41), Гевгелија (23), Куманово (29), Скопје (69), Тетово (19), Прилеп (20)… 

Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти – дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација…

УЈП ја информира јавноста дека и покрај обидите за притисоци и квалификации со цел локални препукувања и припишување на политичка, регионална и било каква конотација на работата на даночните служби, Управата за јавни приходи ќе продолжи со поддршка на легалните бизниси и сузбивање на сивата економија и неплаќањето на даноците.