Пад на индустриското производство во август

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2013 година, во однос на август 2012 година, изнесува 98.8.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст од 4.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.0%. 

Според главните индустриски групи, производството во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 2.6% и Капитални производи за 5.8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 15.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2013 година, во однос на периодот јануари – август 2012 година, изнесува 101.7.