Одржано Основачкото собрание на партијата „ГРОМ“ во Скопје на кое учество зедоа 250 охриѓани

 На Основачкото собрание на партијата Граѓанска опција за Македонија „ГРОМ“ што се одржа во Универзалната сала во Скопје во саботата навечер, од Охрид учествуваа околу 250 членови на оваа партија.

Според претседателот на регионалната канцеларија на „ГРОМ“, Љупчо Настоски, тоа е само дел од членството кое е неколкупати побројно и во иднина се очекува негово зголемување.

 Според Настоски, очигледно е дека граѓаните се заинтересирани за т.н. „Трета опција“, затоа што во неа гледаат сила којашто може да ги забрза процесите за евроатлантск а интеграција на РМ и да го подобри животот на граѓаните.

 Настоски  исто така нè информираше и дека голем дел од приврзаниците на партијата од Охрид, станаа членови на извршните тела на „ГРОМ“, што е од големо значење за работата на Регионалната канцеларија.