Се интензивираат работите на изградбата на фекалната канализација меѓу Долно и Горно Лакочереј

Деновиве се интензивираат градежните работи за изградба на фекалната канализација меѓу Долно и Горно Лакочереј. Досега се изградени 400, а со забрзана динамика се очекува во кус временски рок да се заврши преостанатиот дел од 1000 метри.

„Мораме да ја  забрзаме  динамиката  на изградбата на фекалната канализациона мрежа  за да можеме да ги искористиме средствата од Агенцијата за патишта со кои ќе го асфалтираме патот меѓу Долно и Горно Лакочереј“, – рече денеска при посетата на оваа локација, градоначалникот Никола Бакрачески, објаснувајќи дека овој проект е реализирање на дел од неговата предизборна програма.

Согласно стратегијата на општината за консолидација на јавните претпријатија, градежните работи на канализацијата ги изведува ЈП „Нискоградба“.