Ѓоко Чингоски е новиот в.д. директор на ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти

Ѓоко Чингоски, професор по производно техничко образование,  е новиот в.д. директор на ОУ „Живко Чинго“ во село Велгошти. Чингоски доаѓа на местото на Мирјана Крлеска која поднела оставка и ја напушта директорската фотелја од лични причини. Функцијата директор во оваа образовна институција таа ја извршуваше од 2006 година.